На 29.12.2023 година во 22.45 часот, на улицата „15 корпус“ во Охрид, приведено е 32 годишно лице од Охрид.
При извршен преглед кај него а потоа и при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана, грендер-дробилка и други предмети. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 29/30.12.2023 година од 22 до 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли.
Притоа, полициските службеници, затекнале 04 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-03, Струга-01). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се платни налози, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews