На 20.09.2024 во 00.15 часот на ул.„11 Септември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 34 годишно лице од Кичево.
Тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.
На 20.09.2024 во 13.26 часот во СВР Охрид било пријавено дека во двор во с.Лакочереј, охридско, настанал пожар во патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на лице од Охрид.
Екипа од Територијалната противпожарна единица Охрид го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен, додаваат од МВР.
OhridNews