На 19.12.2024 година со судска наредба, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид извршија претрес во стан во Охрид што привремено го користело 31 годишно лице од Скопје.

При претресот, пронајдена и одземена е марихуана, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 19.12.2024 во 09.55 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта е пријавено дека во викенд куќа во селото Горна Белица настанал пожар.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 61 годишно лице од струшкото село Драслајца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 07.12.2024 во двор од куќа во селото, пријавениот предизвикал расправија со друго лице од истото село, по што физички го нападнал, а употребил и рачен алат, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews