На 10.04.2024 во 19.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во помошни простории од куќа на улица „Марко Цепенков“ во Охрид.

Истиот ден во СВР Охрид е пријавено дека на површина со нискостеблеста вегетација кај стрелиштето „Бејбубнар“, избувнал пожар. И во двата случаи нема повредени лица, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, информираат од СВР охрид.

На 10.04.2024 во 21.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 39 годишно лице од Охрид.

Тој е баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа „Затвор Струга“, за издржување на казната, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews