На 08.07.2024 година во 13.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во патничко моторно возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки.

Пожарот настанал додека возилото се движело на кружната крстосница на плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид, управувано од 31 годишно лице од Тетово. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, информираат од СВР Охрид.

На 08.07.2024 година во 17.20 часот, на плажа на брегот на Охридското Езеро, приведено е 32 годишно лице од Охрид.

Тој претходно физички нападнал 28 годишно лице од Охрид и малолетничка од Македонски Брод. Тој бил агресивен и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews