На 22.05.2024 околу 12.00 часот во СВР Охрид е пријавено дека во угостителски објект на улица „15 Корпус“ во Охрид настанал пожар.
Во пожарот нема повредени лица. Интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид, информираат од СВР Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 54 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело лицето „предизвикување општа опасност“.
Тој се сомничи дека на 04.05.2024 со запалива течност предизвикал пожар во казино на улицата „Партизанска“ во Охрид. Повредени лица нема, а била предизвикана само материјална штета.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 41 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „овозможување употреба на наркотични дроги“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
При преглед во патнички автомобил „опел астра“ на регионален пат Охрид-Струга, во кој пријавениот бил со лице од Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа предмети со траги од кокаин и хероин, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews