На 27.11.2023 во 12.45 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на булеварот „Туристичка“ во Охрид, 75 годишно лице, физички нападнал 35 годишно лице, двајцата од Охрид.
По ова настанала меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
На 27.11.2023 во 17.55 часот во СВР Охрид, пријавено е дека настанал пожар во стан на улицата „Димитар Влахов“, сопственост на лице од Охрид.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, велат од СВР Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 57 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Тој, неовластено изработил уверение за здравствена и психофизичка способност за управување со моторно возило, трактор и работна машина, кое се обидел да го прикаже и употреби како вистинска исправа, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews