На 23.02.2025 во 19.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на земјоделско земјиште со насади во близина на селото Ново Село, општина Дебрца, настанал пожар.

Во пожарот изгореле околу седум тони пченка. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Охрид.

На 23.02.2025 во 11.45 часот во ОВР Струга, 39 годишно лице од с.Радолишта, струшко, пријавил дека околу 10.30 часот во угостителски објект во Струга бил физички нападнат од три лица, сите од с.Велешта, струшко.

При нападот лицата употребиле метални предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews