На 15.07.2024 во 12.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на нива засадена со пченица и јаболка во селото Мешеишта, општина Дебрца, настанал пожар во кој нема повредени лица.
Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, информираат од СВР Охрид.
На 16.07.2024 година во 12.40 часот на булеварот „АСНОМ“ во Охрид, 65 и 64 годишни лица физички нападнале 62 годишно лице, сите од Охрид.
Против напаѓачите, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.07.2024 во 14 часот, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 36 годишно лице од Штип.
Тој претходно на улица „Кленоец“ во Охрид физички нападнал 39 годишно лице од селото Возарци, општина Кавадарци. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews