И викендов охридската полиција со полни раце работа. Во редовниот билтен регистриран е еден пожар, насилство и недозволено поседување наркотични средства.
- Во саботата вечерта во 03.32 часот, во хотел на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар. Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
- На 23.11.2024 година во 22.20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека охриѓанец физички ја нападнал неговата поранешна партнерка и и упатувал телефонски закани. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
- На 23.11.2024 година во 21.55 часот, на улицата „Нико Нестор“ во Струга, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, од слобода лишија 17 годишно лице од Струга. При извршен преглед, кај него, пронајдена и одземена е опојна дрога Марихуана. По насоки од јавниот обвинител, со малолетникот извршен е разговор во присуство на неговиот родител а известен е и Центарот за социјални работи и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
OhridNews