На 24.04.2025 во 22.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, патнички автомобил удрил во 59-годишен пешак од Охрид и го напуштил местото.

Пешакот е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По преземените мерки, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека се работи за патничко моторно возило „фолксфаген ап“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 24 годишно лице од Охрид. По овластување на јавен обвинител увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, додека по целосно документирање на случајот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 24.04.2025 во 11.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 79 годишно лице од Охрид.

Тој претходно, на улицата „Кузман Капидан“ во Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон соседите и група градежни работници, како и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24 годишно лице од Битола, со престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При претрес во неговиот дом во Охрид, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и хашиш, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews