На 24.09.2024 во 18.45 часот на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид приведоа 20 годишно лице од Охрид.

Кај лицето била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 24.09.2024 во СВР Охрид е пријавено дека во охридското село Куратица бил оштетен мермерен споменик од гробно место.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, посочуваат од СВР Охрид.

На 24.09.2024 во 09.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека 29, 22 и 20 годишни лица, сите од Непал, го напуштиле хотелот каде биле сместени и биле вработени.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

На 24.09.2024 во 13.40 часот, на крстосница на булеварот „Јане Сандански“ со улицата „Галичица“ во Охрид, 60 годишно лице од Охрид, управувајќи мопед „пежо“ со охридски регистарски ознаки, во обид да избегне директен судар со патничко возило, кое претекнувало друго возило, изгубил контрола и паднал на коловоз.

Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај презема мерки за пронаоѓање на возачот на патничкото возило кој не застанал да му пружи помош на моторциклистот, туку веднаш го напуштил местото, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

Посочуваат дека увид на местото на несреќата извршиле полициски екипи.

OhridNews