На 25.09.2024 во 14.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул. „Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 33 годишна жена од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид, информираат од МВР.

На 25.09.2024 во 15.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул. „Илинденска“ во Охрид, патничко возило „рено клио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 67 годишно лице од с.Велгошти, охридско, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews