Билтенот во првите денови од Новата година е преполн со настани за нарушен јавен ед и мир, сообраќајни прекршоци и непочитување на службени лица.
На 5 јануари во 03.15 часот, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведен бил 26-годишен жител на Дебар кој претходно предизвикал вербална расправија со 22-годишен стружанец а потоа физички го нападнал по што, настанала меѓусебна тепачка.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Во друг случај ноќеска во 04.25 часот, во деловен објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу четири млади лица од Струга и Охрид, соопшти Димоски.
Против нив ќе поднесе соодветна пријава.
Исто така синоќа, во 02.30 часот, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведен 26-годишен жител на Поградец, Република Албанија.
Кај него, беше пронајдена и одземена опаковка со бела прашкаста материја. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во полицискиот билтен.
На 4 јануари во 16.45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во патнички автомобил „Пежо 407“, паркирано на улицата „Даме Груев“ во Охрид, сопственост 55-годишен жител на Велес, избувнал пожар. Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
Истиот ден во 16.40 часот, Скопјанец во СВР Охрид пријави дека, на улицата „Расадник“ во Охрид, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
Вечерта на 4 јануари во 23:25 часот, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, лишен бил слобода е 69-годишен стружанец.
Тој претходно, управувајќи патнички автомобил „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, на пресекот со улицата „Партизанска“, удрил во сообраќаен знак и избегал. По преземени мерки, полициските службеници констатирале дека тој го управувал автомобилот под дејство на алкохол поради што, против него, ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик ,,Безобзирно управување со моторно возило“, соопшти Димоски.
Претходно истата вечер во 22.40 часот, на улицата „Димче Ковачески“ во Струга, приведен бил 22-годишен жител на Струга кај кого, полициските службеници, прондшле Марихеле опојна дрога Марихуана.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 4 јануари во 21.40 часот, на паркинг простор пред казино во струшкото село Велешта, лишено од слобода било 37-годишно лице а на разговор во ОВР Струга, повикан бил и 39-годишен маж, двајцата од струшкото село Корошишта.
При преглед во паркирано патничко возило „Фолксваген Лупо“ во кое, двајцата се наоѓале, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа две опаковки со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против нив ќе поднесе соодветна пријава, стои во Билтенот.
На 4 јануари во ОВР Струга било пријавено дека,Вжител на струшкото село Велешта, на пресекот на улиците „ЈНА“ и „Маркс Енгелсова“ во Струга, упатил вербални навреди а потоа вршел неовластено снимање на полициски службеник кој преземал службени дејствија.
Г.М.