На 19.03.2024 во 05.40 часот, на ул.„Кленоец“ во Охрид настанал пожар на паркирано хаварисано патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на 71 годишно лице од Охрид.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, информираат од СВР Охрид.

На 18.03.2024 во 14.25 часот на улица „Марко Цепенков“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 46 годишно лице од Охрид кој, однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

При приведувањето бил извршен преглед кај него, при што била пронајдена и одземена марихуана. Во врска со настанот, лицето пријавило дека, при преземањето мерки кон него, полициските службеници употребиле прекумерна сила, при што се здобил со тешки телесни повреди. За настанот бил известен јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и  професионални стандарди при МВР. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

Поднесена е и кривична пријава против 47 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Тој, од личен профил на социјалната мрежа Фејсбук во повеќе наврати објавувал коментари со заканувачка и навредлива содржина, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews