На 24.10.2024 година во 03,30 часот, на улицата „Бистрица“ во Охрид, приведено е 44 годишно лице од Охрид.
Тој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 23.10.2024 година во 14 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на две места од плажа во близина на автокамп на брегот на Охридското Езеро во Охрид, настанал пожар кој зафатил нискостеблеста вегетација и дел од оградата на автокампот.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. Се преземаат мерки за расветлување на настанот, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews