На 07.04.2024 во 20.10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на стариот пат Охрид – Струга настанал пожар на крајбрежниот појас на Охридското Езеро, при што биле опожарени површина со езерска трска и два пловни објекти.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид.

На 06.04.2024 во СВР Охрид е пријавено дека на подвозник на булеварот „Железничка“ во Охрид настанал пожар во кој биле опожарени пластични предмети и површина со нискостеблеста вегетација.

Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, велат од СВР Охрид.

На 07.04.2024, при сообраќајни контроли извршени од 12.00 до 17.00 часот на подрачјето на Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 15 возачи кои извршиле непрописно престигнување на други моторни возила на места каде со сообраќаен знак е забрането, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews