На 15.03.2024 во 09.10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на 11.03.2024, 38 годишна охриѓанка го напуштила домот и заминала на привремена работа во странство.
Според пријавеното, оттогаш таа е недостапна за семејството. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Охрид.
На 15.03.2024 во 17.20 часот во близина на охридското село Рача, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 24 годишно лице од охридското село Куратица и 24 годишно лице од Охрид.
Тие биле затекнати како во патничко возило „бмв“, користат марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од СВР Охрид.
На 15.03.2024 во 20 часот во СВР Охрид е пријавено дека околу 17 часот во месноста „Аралосој“ во атар на охридското село Долно Коњско, 53 годишно лице од истото село бил каснат од куче сопственост на друго лице од селото.
OhridNews