На 17.03.2025 во 15.10 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, охриѓанец со неговото моторно возило „форд фиеста“ со охридски регистарски ознаки, го попречил движењето на друго возило, кое го управувало 24 годишно лице од дебарското село Џепиште.
По тоа со удари со раце извршил оштетување на возилото. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 17.03.2025 во 13.40 часот, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 35 и 55 годишни лица, двајцата од Струга, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Струга физички нападнале 28 – годишна жена, член на семејството.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.03.2025 во 20 часот, на улицата „Туристичка“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со агресивно однесување и закани упатени од лице од Охрид кон 42 годишно лице од Струга.
Против нарушителот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews