На 25.10.2024 во 05.40 часот во казино на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиja од слобода 43 годишно лице од Охрид.

Тој физички нападнал 34 годишно лице од Скопје. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, инофрмираат од СВР Охрид.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 45 годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.

На 11.10.2024 во атарот на струшкото село Богојци, тој со секира им се спротивставил и им упатил закани на двајца припадници на Шумската полиција, кои преземале службени мерки за одземање на дрва што потекнуваат од бесправна сеча.

На 23.10.2024 во 17.10 часот во ОВР Струга е пријавено дека на 22.10.2024 околу 14.00 часот на улица „Партизанска“ во Струга, едно лице физички нападнало малолетник од Струга.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.10.2024 во 10.30 часот на кеј „8 Ноември“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишиja од слобода 50 годишно лице од струшкото село Лабуништа.

Тој во деловен објект во Струга физички нападнал прво едно лице, а потоа со остар предмет уште едно лице, двајцата од Лабуништа. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews