На улицата „Егејска“ во Охрид, вчера, во 18 часот, двајца охриѓани физички нападнале 32-годишно лице. Нападнатиот бил префрлен во Општата болница во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди и е задржан на натамошно лекување, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. СВР Охрид презема мерки за целосно расветлување на настанот по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Димоски информира за уште еден инцидент што се случил вчера во 16 часот, на кејот Македонија каде 21-годишен охриѓанец бил нападнат од страна на 22-годишно лице од Охрид. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во текот на изминатите 24 часа, во Охрид пет лица не ја почитувале забраната за движење. Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

OhridNews