ОВР Струга влера лишила од слобода 42-годишен охриѓанец.

Тој претходно, на паркинг пред деловен објект во Струга, физички нападнал 30-годишна стружанка. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Струга Стефан Димоски.

Во друг случај, ОВР Струга поднела кривична пријава против 38-годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При преглед извршен на улицата „Пролетерски Бригади“ во Струга, тој пред полициските службеници, исфрлил опаковка со кокаин, соопшти портпаролот Димоски.

OhridNews