На 27.01.2025 во 13.45 часот во СВР Охрид, 58 годишно лице од охридското село Косел пријавил дека на улица „Богомилска“ во Охрид бил каснат од куче скитник, информираат од МВР.

На 27.01.2025 во 17.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 27 годишно лице од Охрид, со привремен престој во Битола.

При претрес во домот во кој престојува, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од канабис, дробилка, вага и други предмети со остатоци од марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

На 27.01.2025 во 15.00 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на струшкото село Враништа, полициски службеници од ОВР Струга извршиле контрола на товарно возило „нисан“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 47 годишно лице од Дебар.

Притоа, било констатирано дека тој вршел транспорт на огревно дрво без соодветна документација. Возилото и дрвната маса биле одземени и предадени на Шумската полиција од Струга. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

OhridNews