Охриѓанец пријавил во полициска станица дека бил каснат од куче скитник информираат од СВР Охрид.
На 07.02.2024 во 14.20 часот, 38 годишно лице од Охрид во полициска станица пријавило дека на улицата „Партизанска“ во Охрид бил каснат од куче скитник.
На 07.02.2024 во 17.55 часот во близина на спортски комплекс во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 20 и 22 годишни лица, двајцата од Охрид.
При преглед кај нив 20 годишното лице се обидело да фрли кеса со марихуана. Дрогата е одземена и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, велат од СВР Охрид.
На 07.02.2024 во 22.25 часот во угостителски објект во близина на каналот „Студенчишта“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид приведоа 45 годишно лице од Охрид.
Кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews