На 03.01.2023 во 21.55 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 43 годишно лице од охридско село, затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 03.01.2024 во 08.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во куќа на улица „Сирма Војвода“ во Охрид, настанал пожар.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews