На 14.01.2024 година во 13.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23 годишно лице од охридското село Велгошти поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “.

При преглед, извршен на локален пат во селото, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews