На 05.03.2024 во 12.45 часот во СВР Охрид, 54 – годишна жена од Охрид пријавила дека нејзиниот брат, 53 годишно лице од Охрид агресивно се однесувал во домот и се заканувал на нивната мајка, по што ја нападнал и неа.

Во содејство со екипа од Итна медицинска помош, лицето било спроведено во здравствена установа во Демир Хисар, информираат од СВР Охрид.

На 04.03.2024 во 11.20 часот во СВР Охрид, сопственичка на продажен објект во Охрид пријавила дека на 03.03.2024, едно женско лице за купените производи платило со банкнота од 100 евра.

Како што е пријавено, откако отишла да ја размени банкнотата во менувачница и било кажано дека е фалсификувана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews