На 27.09.2024 во 18.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 47 годишно лице од Охрид.

Тој го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон неговата сопруга и полициските службеници кои преземале службени дејствија. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.

На 27.09.2024 во 10.10 часот во СВР Охрид, 37 – годишен маж од Охрид пријавил дека во семејниот дом, неговата сопруга физички го нападнала нивниот малолетен син и оштетила дел од покуќнината.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.

OhridNews