Синоќа во 23.50 часот, на улицата „Даме Груев“ во Охрид, приведен е 43-годишен охриѓанец поради агресивно однесување кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14/15.10.2023 година од 23 до 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 14 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-03, Струга-08, Кичево-03).

Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, соопшти СВР Охрид.

Г.М.