Вчера во 10.38 часот во СВР Охрид пријавено е дека 59 годишно лице од охридското село Лескоец, кој изведувал градежни работи на куќа во охридското село Рамне, паднал и починал.
Увид на местото на настанот извршија полициски екипи а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во одделот за судска медицина при Општата болница во Битола каде, е извршена обдукција, информираат од СВР Охрид.
Oколу 19.30 часот, вчера, во СВР Охрид приведено е 45 годишно лице од Охрид кој претходно, бил затекнат при извршување кражба во продажен објект лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид.
Продуктите што тој ги присвоил, со потврда се одземени и вратени на сопственикот на објектот и по целосно документирање на настанот, против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
Истиот ден во 21 часот во СВР Охрид е пријавено и дека на „Кеј Македонија“ бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од едно лице врз друго, двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews