Во СВР Охрид вчера во 18.30 часот 48-годишен охриѓанец пријавил дека истиот ден околу 17,30 часот додека бил во градски пазар во Охрид по претходна вербална расправија бил физички нападнат од страна на 33-годишно лице од Охрид.

Според пријавата тој во еден момент се обидел да го удри пријавителот со секира, но не успеал во намерата. По преземени мерки лицето е лоцирано и лишано од слобода од страна на полициски службеници при СВР Охрид. Се работи на целосно расчистување на случајот, соопшти СВР Охрид.

Ноќеска од страна на полициски службеници од СВР Охрид од слобода е лишен бил 36-годишен жител на Скопје.

При преглед на возилото на пронајдена е една зип кеса во која имало непозната зелена растителна материја. По документирање на настанот против приведениот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Охрид.