На 01.09.2024 во 18.00 часот во СВР Охрид, малолетничка од Охрид, во присуство на нејзиниот полнолетен брат, пријавила дека нејзиниот татко и се заканувал во семејниот дом и се обидел физички да ја нападне, информираат од СВР Охрид.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, посочуваат.

На 01.09.2024 околу 01.30 часот на крстосница од ул. „Распаќе“ со бул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 45 годишно лице од Охрид.

Тој агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, велат од СВР Охрид.

Додаваат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews