На 27.09.2024 во 18.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 47 годишно лице од Охрид.
Тој го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон неговата сопруга и полициските службеници кои преземале службени дејствија. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.
На 27.09.2024 во 10.10 часот во СВР Охрид, 37 – годишен маж од Охрид пријавил дека во семејниот дом, неговата сопруга физички го нападнала нивниот малолетен син и оштетила дел од покуќнината.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.
OhridNews