На 28.12.2024 година во 12.45 часот, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта, од 30 годишно лице од селото Боровец, одзедоа една ловна пушка и дозвола за истата.
Тој, претходно во атарот на селото Нерези, упатил закани по живот кон 47 годишно лице од Вевчани, вработен ловочувар во „Црн Камен“ Вевчани кој во тој предел, вршејќи контрола, го затекнал 30 годишното лице од село Боровец и уште три други лица. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На ден 28.12.2024 година во 12,30 часот, на улицата „Боро Хаџиески“во Струга, приведено е 50 годишно лице од струшкото село Биџево.
Тој бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.12.2024 год во 17:20 часот, при контрола во струшкото село Лабуништа, полициските службеници затекнале едно лице од истото село, при нелегален истовар на дрва од товарно моторно возило, за кои, немал соодветна документација.
Притоа, повикан е претставник на Шумската полиција од Струга со цел преземање понатамошни мерки. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.
На 28.12.2024 година во 16.10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во селото Ново село, општина Дебрца, едно лице физички нападнало 53 годишно лице од селото Црвена вода.
По целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.12.24 година во 22 часот, во угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведено е 35 годишно лице од Охрид.
Тој претходно бил агресивен и со остар предмет во рака упатил закани кон сопственикот на објектот. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews