СВР Охрид соопшти дека на 30.11.2024 година во 18.40 часот, врз основа на локален распис, од слобода бил лишен 30-годишен охриѓанец.
Тој се сомничи дека е сторител на кривичните дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“, извршени на 29.11.2024 година во 03.20 часот, при физички напад врз неговата сопруга. Против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Во полисикиот билтен уште евидентирана е и пријава на 61-годишен охриѓанец кој се пожалил дека бил каснат од бездомно куче во близина на спортски центар во Охрид.
OhridNews