На 04.11.2024 во 10,20 часот во СВР Охрид е пријавено дека наставник во едно основно училиште во Охрид, со пластичен предмет нападнал ученик во училиштето.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 04.11.2024 во 19.39 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „Прва Македонска ударна бригада“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со агресивно однесување на едно лице кон 68 годишно лице, двајцата од Охрид.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 74 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

На катарстарска парцела на улица „Даме Груев“ во Охрид, пријавениот бесправно и спротивно на одобрениот проект извршил градба на семејна куќа, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews