На 15.05.2024 во 17.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека во близина на деловен објект каде работела, по завршување на работното време, 50 годишна жена од Охрид била физички нападната од две лица.

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 70 годишно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

На 22.04.2024, при сообраќајна контрола на патот Ресен-Охрид, кај селото Лескоец, полициските службеници го затекнале пријавениот при вршење јавен такси превоз на патници без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган, велат од СВР Охрид.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37 годишно лице од Скопје, 33 и 37 годишни лица, двајцата од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кривични дела „измама“.

Тие, во текот на јануари и февруари оваа година, со јавувале на мобилни телефони на повеќе граѓани од Охрид и Струга, претставувајќи се лажно како вработени во градежни фирми и им нуделе градежни материјали по поевтини цени. На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 281.600 денари, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews