Денес во 05.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино во Охрид, три лица, физички нападнале 28 годишно лицр, сите од Охрид. По целосно расветлување на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Вчера околу 11 часот, на улицата „Илинденска“ во охридското село Лескоец, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од едно лице врз 47 годишно лице, двајцата од истото село. По целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во 15 часот во СВР Охрид, вчера, 39 годишна жена од охридското село Велгошти, пријави дека, нејзината малолетна ќерка, на улицата „Вис“ во истото село, била касната од куче скитник.
Во 21.45 часот, вчера, полициски службеници од ОВР Кичево, во близина на деловен објект лоциран на магистралниот пат Гостивар-Кичево, од слобода лишија 47 и 27 годишно лице, двајцата од Охрид.
При преглед во патнички автомобил „Мини Купер“ во кој се превезувале, пронајдена и одземена е зелена тревкаста растителна материја. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews