На 13.10.2024 во 20 часот, на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ во Охрид, приведено е 19 годишно лице од Охрид.

Тој претходно на спортско игралиште во охридската населба „Видобишта“ го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз малолетник од Охрид. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 13.10.2024 во 03 часот во угостителски објект на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид привеле 36 годишно лице од Куманово.

Кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.10.2024 во 17.30 часот на шумски пат во атарот на струшкото село Присовјани, полициски службеници од ОВР Струга пронајдоа товарно возило „мерцедес“ без регистарски таблици натоварено со околу осум метри просторно, нежигирано огревно дрво.

Возилото и дрвото се одземени и предадени на Шумската полиција од Струга за натамошна постапка. По целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.10.2024 во 17.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на паркинг простор кај плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од лице од Битола врз 40 годишно лице од Охрид.

По целосно расветлување на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews