На 07.07.2024 година во 15.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека лице од селото Лешани, општина Дебрца, кој на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, го управувал своето моторно возило „ауди“, удрил во мотоцикл што го управувало 47 годишно лице од Охрид.

Веднаш потоа, возачот на аудито заедно со лице од охридското село Косел и лице од селото Лешани, физички го нападнале мотоциклистот и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. По целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави, информираат од СВР Охрид.

На 07.07.2024 година во 16.00 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на „Кеј Македонија“ во Охрид, 47 годишно лице физички нападнал 35 годишно лице, двајцата од Охрид.

Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews