На 14.03.2025 во 14.00 часот на улица „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 46 годишно лице од Охрид.

Тој претходно, физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 14.03.2025 година вo 08.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на 13.03.2025 во едно основно училиште во Охрид физички бил нападнат малолетник од негов соученик.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews