На 28.01.2025 во 20.00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 52 годишно лице од Охрид.
Лицето физички нападнал, а потоа допирал по телото малолетничка од Охрид. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 28.01.2025 во 12.55 часот во ОВР Струга е пријавено дека на улица „Боро Калајџиески“ во Струга, малолетник од струшкото село Лабуништа бил физички нападнат од неколку лица.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и целосно расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 58 годишно лице од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
На катастарска парцела во селото, без одобрение и спротивно на одредбите од законот за градење, тој изградил индивидуална куќа за живеење, што било констатирано и од градежната инспекција при општина Струга, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews