На 25.01.2024 година во 14.20 часот во СВР Охрид,  32 – годишна жена од едно охридско село пријави дека, во селото двајца малолетници ја допирале по телото нејзината малолетна ќерка.

За настанот се известени Центарот за социјални работи Охрид и јавен обвинител, по чии насоки се преземаат мерки за негово расчистување, информираат од СВР Охрид.

На 26.01.2024 година во 02 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид приведено е 28 годишно лице од Охрид.

Кај него полициските службеници при извршен преглед пронајдоа и одзедоа марихуана, велат од СВР Охрид.

На 25.01.2024 година во 11.40 часот, во близина на спортски објект во Охрид, приведено е и 55 годишно лице од Охрид.

При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана, додаваат од СВР Охрид.

По документирање на двата настани, против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

OhridNews