Лице се оддалечило од домот, физички нападнат малолетник, нарушен јавниот ред и мир… се дел од настаните кои биле пријавени во СВР Охрид.

На 13.12.2024 во 10.00 часот во СВР Охрид, 71 годишно лице од Охрид пријавило дека од домот се оддалечил неговиот брат, 70 годишен од домот во кој престојувал во Охрид, а кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 13.12.2024 во 14.40 часот, во двор на едно основно училиште во Охрид, малолетник физички нападнал друг малолетник, ученик во училиштето. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.12.2024 година во 19.10 часот, во угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, лице од Охрид го нарушило јавниот ред и мир со физички напад врз 69 годишно лице од Кавадарци. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.12.2024 во 02.07 часот, во куќа на улица „Париска Комуна“, во Охрид, едно лице физички нападнал друго, двајцата од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews