СВР Охрид информира дека во текот на вчерашниот ден стигнати се пријави за лице касното од куче домашен миленик, физички нападнато лице, пожар во депонијата „Мауцкер“ и пожар во возило во движење.

На 15.07.2024 во 17.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Даме Груев“ во Охрид, 69 годишно лице од Охрид биол каснато од куче домашен миленик, сопственост на негов сосед. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 15.07.2024 во 20.00 часот, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, приведено е 70 годишно лице од Охрид. Тој, претходно на пресекот на улиците „Марко Нестороски“ и „Питу Гули“ во Охрид со тврд предмет нападнал 48 годишно лице од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.07.2024 во 15.13 часот во СВР Охрид е пријавено дека на депонијата „Мауцкер“ во Охрид настанал пожар во кој нема повредени лица. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

На 15.07.2024 во 11.20 часот, во возило „мерцедес“, кое се движело по локален пат во селото Мешеишта, општина Дебрца, настанал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, се наведува во билтенот од СВР Охрид.

OhridNews