Синоќа во 20.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Серафим Китаноски“ во Охрид, двајца охриѓани на возраст од 54 и 73 години биле нападнати од куче домашен миленик, сопственост на сограѓанин.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Утрово во 07.15 часот, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, жител на струшкото село Ташмаруништа, физички нападнал 18-годишен охриѓанец
Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, посочува портпаролот Димоски.
Г.М.