На 17.02.2025 во 15.15 часот, на улица „Питу Гули“ во Охрид, 44 годишно лице од Скопје физички нападнал 45 годишно лице од Охрид.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При преглед во возило „ауди“ во кое се превезувал, пријавениот проголтал пакување со кокаин, по што полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, го лишиле од слобода и го пренесле во Општата болница во Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При преглед во патничквозило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, се обидел да исфрли пакување со кокаин, кое било одземено, а лицето било лишено од слобода.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 41, 31 и 28 годишни лица, сите од охридското село Велгошти, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При преглед во патничко возило „киа“ во кое се превезувале, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа марихуана, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews