СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При преглед на улица „Кленоец“ во Охрид, а потоа и при претрес во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, информираат од СВР Охрид.
На 04.03.2025 во 14 часот, во СВР Охрид е пријавено дека 54 годишно лице од Охрид агресивно се однесувал кон 58 годишно лице од Охрид.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 04.03.2025 во 08.30 часот на улица „Ристо Крле“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга приведоа 36 годишно лице од Струга затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews