СВР Охрид поднесе кривична пријава против 28 годишна охриѓанка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При контрола на патничко возило „рено клио“, со кое се превезувала, извршена на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници кај неа пронајдоа и одзедоа марихуана, информираат од СВР Охрид.

На 27/28.07.2024 во периодот од 23.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се сообраќајни контроли.

Притоа, полициските службеници затекнале 10 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-05, Струга-04, Кичево-01). Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews