СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и метален грендер со остатоци од растението канабис, информираат од СВР Охрид.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 52 годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа куршуми кои нелегално ги поседувала, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews